ЕДНА ОД ТРИТЕ СВЕТСКИ ВЕЛЕСИЛИ, ГЕРМАНИЈА ЈА ПОФАЛИ ВЛАДАТА НА ЗАЕВ – Мас кон Османи : Вие сте сериозни во спроведувањето на реформите, особено што се однесува до правната држава

0
329

Сакам многу јасно да кажам дека Германија многу сериозно ја гледа европската перспектива на земјите во регионот. Особено тоа важи за Северна Македонија која одамна ги исполни условите за пристапување кон ЕУ и затоа минатата есен вложивме многу заложби да ја одржиме првата меѓувладина конференција во рамки на нашето претседателство. Тоа не успеа, но сега за време на португалското претседателство и понатаму работиме на тоа, тоа не само што има смисла туку е и неопходно, имајќи ја предвид довербата што граѓаните од Северна Македонија ја имаат во нас, но исто така и интерес на ЕУ е да бидеме што е можно побрзо во можност да ја отвориме таа пристапна конференција.

Ова денеска го порача германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас на заедничката прес-конференција во Берлин со шефот на македонската дипломатија Бујар Османи.

– Во рамки на реформите, Северна Македонија понатаму продолжува и тоа е јасен сигнал до Европската Унија дека вие сте сериозни во спроведувањето на реформите, особено што се однесува до правната држава и тоа е добрата вест и со тоа испраќаме јасна порака дека се движиме кон заедничката цел и Германија стои на ваша страна, потенцира Мас.