БИТИЌИ НА ТРИБИНАТА ,НАЈДОБРОТО” : СТИГМАТА ,,ОВАА И ОНАА СТРАНА НА ВАРДАР” Е МИНАТО, СКОПЈЕ РАЗВИВА ПОДЕДНАКВО, СДСМ ЈА ИМА НАЈДОБРАТА ПОНУДА

0
183

Во своето обраќање на вечерашната трибина, потпретседателот Фатмир Битиќи, зборуваше за еднаквиот развој во Скопје, но за економските политики што Владата предводена од СДСМ ги презеде во овие четири години, а кои резултираа со економски раст, нови работни места и повисок економски
стандард за сите граѓани.

„Добро знаете дека СДСМ е носител и промотор на концептот едно општество за сите.

Тој концепт не значи само еднакви права и обврски за сите граѓани, значи и еднакво вложување во секоја општина, секое населено место.Скопје со години живееше со стигмата „од оваа и онаа страна Вардар“, не се развиваше рамномерни како што доликува на главен град и метропола. Во овие четири години тоа е драстично променето, во Скопје се инвестира во секоја општина, во секоја населба што е важно за идниот развој на градот.

Младите добиваат нова можност и перспектива за животот. Не смееме да заборавиме за кого се ова го правиме. Во овие четири години успеавме да ја поставиме економијата на здрави основи и придонесовме во Буџетот да имаме пари за капитални проекти, но да има повеќе пари и за нашите граѓани. Активно помагавме и за време на коронакризата, успеавме да спасиме 100.000 работни места, да им помогнеме на десетици илјади компании и тоа го правевме чесно и одговорно и сега кога веќе кризата е зад нас сме во позиција да имаме жива динамична економија и да проектираме повисоки стапки на економски раст.“ посочи Битиќи.

Потпретседателот Битиќи се осврна и на претстојните локални избори и кадровската и програмска понуда на СДСМ.

„Како потпретседател на СДСМ и вицепремиер во Владата, чувствувам гордост што со ваков тим можам да придонесам за развојот на нашето заедничко Скопје и на нашата заедничка татковина. СДСМ има тим, има луѓе кои веруваат во едно општество

И на овие избори ќе ја имаме најдобрата понуда за секој град за секоја општина, за секој еден граѓанин, понуда на квалитетни личности и на реални остварливи програми, програми за сите наши граѓани. А токму на ваквите трибини, на средбите со вас граѓаните ќе ги бараме и ќе
ги најдеме решенијата за вашите потреби и проблеми. Тоа е рецептот за успех во овие изминати четири години, тоа ќе биде рецептот и за наредните четири.

СДСМ останува со граѓаните, СДСМ продолжува да обединува, СДСМ продолжува да работи посветено за секое населено место. СДСМ го дава и ќе го даде најдоброто за секоја општина, за секој град, за секое село.“ заклучи Битиќи.