Фрчко: Од вторник многу брзо СДСМ ќе ја преземе Власта

0
2966

Карактерот на режим во Македонија е таков што, ваков инцидент е очекуван. Ова е авторитарен режим кој во својата агенда нема мирно предавање на власта. ВМРО ДПМНЕ ова го градеше 10 години, така што и покрај легитимното губење избори, создавањето ново парламентарно мнозинство, малцинството ги блокираше институциите за да се случи превземање на власта, што е вонправна постпака.  Сето ова започна со одбивањето на претседателот Иванов, да не го додели мандатот и тоа беше една нерешлива ситуација, која мораше да ја трпите и затоа на крајот сепак заврши со инциденти.

Кризата во Македонија не е меѓуетничка, според тоа не е загрозена безбедноста или да не очекува некаква граѓанска војна. Но, е секако криза на рушење на еден авторитарен режим.

Полицијата овозможи ваков инцидент. Сега назад нема, ние сите очекуваме некакви инциенти. Сепак, мислам дека од вторник целата ситуација ќе оди со забрзано темпо, ново парламентарно мнозинство ќе ги презеде институциите.

Меѓународната заедница го поздрави изборот на претседател, ги осуди инцидентите, осуда стаса и од САД, ЕУ, Германија, па дури и од Турција.

Со изборот на претседател на Собранието, уставот не е прекршен.

Извор: Фактор