(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ДОКТОРОТ ОД ГАЗИ БАБА НЕ ЗНАЕ ЗА ОДМОР, СЕГА ПОСТАВУВА ПРИКЛУЧОЦИ ОД ВАКУУМ КАНАЛИЗАЦИЈА ВО ЈУРУМЛЕРИ

0
1141

Се реализира првата фаза на поставување на приклучоци од вакуум станицата во Јурумлери кон улица 2. Со оваа вакуум станица се поврзува со главниот цевковод, од каде што почнува со ширење на канализационата мрежа кон домаќинствата. 

Во моментов се вршат ископи и поврзување на улица два, во склоп на првата фаза, а во останатите фази ќе се работи на поставување на приклучоците кон останатите два краци. Кога ќе биде завршена целосно една линија, веднаш ќе се пристапува кон нејзино целосно асфалтирање. 

Претходно, беше извршено прекопувањето на каналите. Целта е секое домаќинство да добие пристап до подземните канализациони инсталации и шахти. Подготвителната фаза за имплементација на вакуум прочистителна станицата во Јурумлери, која ќе биде прва во земјава, се реализира со средства на општината.

Со изградбата на вакуум канализациската мрежа во Јурумлери, се решава повеќе деценискиот проблем на жителите од ова населено место кои сега добиваат нормални услови за живеење, а септичките јами стануваат минато. Целосната реализација на овој проект се очекува да биде завршен за максимум 2 години.

Општина Гази Баба апелира до жителите на Јурумлери да имаат трпение и да се придржуваат до сообраќајните правила со цел побрза и поефикасна изведба на градежните активности.