Топло време и топење на снежната покривка

0
1012

Под влијание на јужно воздушно струење и на топла воздушна маса од јужните географски широчини денес (02.02.2017) ќе продолжи топењето на снежната покривка во Македонија.

Времето во овие претпладневни часови ќе биде претежно сончево со умерена локална облачност како и со магла и ниска облачност по котлините. Во текот на денот од запад облачноста ќе започне да се зголемува и во доцните попладневни и вечерни часови во западните предели ќе има услови за слаб локален дожд додека услови за провејување на слаб снег ќе има само на високите планини.

model_moddeuhd_2017020200_12_954_1

Ќе дува слаб ветер во западните предели од југозападен доеека во останатите претежно од јужен правец.

Температурата ќе се искачи во интервал од 4 до 10 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!