СЈО ќе ја обжали одлуката на Основниот суд и ќе бара примена на мерка за претпазливост за Груевски и Јанакиески

0
1108

Специјалното јавно обвинителство најави дека ќе поднесе жалба на одлуката на Основниот суд со која предложените мерки за претпазливост за поранешниот премиер Никола Груевски, за поранешниот министер Миче Јанакиески и за градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковески беа одбиени како неосновани.

СЈО во случајот „ТНТ“ (уривањето на објектот Космос на бизнисменот и политичар Фиат Цаноски во 2011 година) смета дека предложените мерки за претпазливост се основани.

СДСМ денеска ги повика судиите да не подлегнуваат на партиски притисоци, туку да почнат да го применуваат правото и да се запрашаат во каква држава сакаат да растат нивните деца.

Случајот „ТНТ“ беше отворен во април, а меѓу осомничените се и Груевски, Јанакиевски и Трајковски кои СЈО ги сомничи за незаконско уривање на комплексот во Гази Баба. Тие вчера се појавија на распит во Кривичниот суд во Скопје и негираа незаконско постапување.

Истрагата против нив се активира откако претседателот Ѓорге Иванов ја укина аболицијата на сите 56 помилувани лица.

За градоначалникот Трајковски случајот Космос е чист, 20 судски одлуки тоа и го потврдуваат и смета дека нема основа на сомневањата на обвинителите на СЈО. Тие во овој случај настапуваат политички, изјави за ТВ Нова градоначалникот на Гази Баба.