Руфи Османи ја потврди автентичноста на прислушуваниот телефонски разговор

0
1182

rufi osmani 1

НДП потврди дека прислушуваниот разговор на поранешниот лидер на партијата, Руфи Османи, бил автентичен.

“Објавувачот на информацијата во овој случај има морална одговорност да ја информира пошироката јавност со чија наредба е прислушуван Османи, велат од НДП.

Според партијата, фактот дека на незаконски и криминален начин се прислушувани повеќе од 20.000 граѓани на ова држава е доказ за „невидено лудило во светската историја“.

„Имајќи предвид дека немаат сите граѓани мобилни телефони, и дека еден добар дел од граѓаните се малолетници, и дека над 500.000 граѓани се надвор од државата, тогаш во виделина произлегува еден фрапантен процент од над 10% од целокупната популација на државата који се прислушувани, што подразбира едно лудило од свој вид што само ова власт може да направи“, се вели во соопштението на НДП.

Од партијата коментираат дека штом пандорината кутија се отворила, нема враќање назад.

„Ова апокалиптична ситуација уште еднаш го потврдува конзистентниот став на НДП дека мора да се формира  специјален суд, како на Косово, под перманентен надзор на судски компетентни претставници на ЕУ и на САД, суд кој ќе ги гони кривично нарачателите и егзекуторите на овој информативен масакар што претставува голем удар врз слободата, демократијата и човековите права“, велат од партијата од каде очекуваат опозицијата да продолжи да ги објавува и останатите снимки.

„Да продолжат да ги објават јавно големите скандали на институцијоналната корупција поврзани со тендери од стотина милиони евра, да ги објават јавно информациите за Бродец, Смилковци, ликвидацијата на Харун Алиу и многу други криминални дела, финализирајќи го со масовното крадење на изборите што коалицијата ВМРО-ДУИ ја има егзекутирано во многу изборни циклуси“, велат од НДП.