Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко ја тужи НОВА за БОМБАТА „И Техномаркет со газди од “Белизе“

0
1493

Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко ја тужи НОВА и главниот уредник Борјан Јовановскии од нив бара 10.000 евра за „претрпена нематеријална штета од навреда и клевета“, како што е наведено во тужбата текст објавен на 20 март оваа година од авторот Сашка Цветковска со наслов „И Техномаркет со газди од Белизе““. Содржината од сторијата којашто бизнисменот според сопствените проекции ја наоѓа за клеветничка и навредлива се содржи во придружната сторија која објаснува чии бизниси во Македонија водат до крајни сопственици на иста адреса водена од иста адвокатска куќа во централноамериканската држава Белизе, позната офшор дестинација или даночно прибежиште.

sergej-501

За што всушност тужи Сергеј Самсоненко

На 2 февруари 2015, новинарите Сашка Цветковска и Владо Апостолов објавија текст со наслов„Русинот Самсоненко во приказната „Инвест ин Маседониа виа Белизе“ во којшто открија дека крајната компанија-корисник на концесијата на спортската сала „Јане Сандански“ доделена од општина Аеордром е компанија од Белизе.

Овие податоци новинарите ги стекнаа пребарувајќи низ бизнис регистрите со официјални документи во државните институции на Македонија и Кипар. Накусо, тие открија дека концесионер е компанијата „Јане Сандански ДООЕЛ“, нејзин сопственик е компанијата „Бет Сити Лимитед“ од Кипар, додека сопственик на фирмата од Кипар е фирмата „Ингра Инвест Лимитед“ од Белизе.

Бизнисменот Самсоненко на ова во тужбата вели:„Новинарите во текстот наведуваат невистини….дека фирмата Бет Сити Лимитед стоела зад изградбата на Јане Сандански и хотел Русија што е невистина бидејќи таа фирма во тоа време била само сопственик на Јане Сандански“Бизнисменот не демантира дека кипарската фирма е сопственик на македонската, напротив, тоа и самиот го потврдува, на наша општа збунетост.

Редакцискиот колегиум на НОВА пред го напише ова писмо до јавноста, се состана неколку пати во обид да ја разбере суштината на тужбата која доаѓа неколку месеци по објавениот текст којшто само реферира на оригиналното и прво истражување за неговите бизниси од февруари. Тој веројатно смета дека тоа што скопската фирма е фирма ќерка на кипарската, а кипарската, пак, фирма ќерка на онаа од Белизе е нешто што нема врска со сопственоста на фирмата.

Самсоненко, исто така забележува дека тој во истражувањата на НОВА бил погрешно „презентиран како сопственик на фирмата Бет Сити“, додека за фирмата од Белизе вели дека тој „не знае кој е сопственик, ниту би можел да знае“.

Новинарите на НОВА до надлежниот Суд ќе ги достават своите докази како изводи и истории од државниот центарлен регистер на Република Македонија и Република Кипар, како и електронските дописи до бизнисменот и одговорните во компаниите, говорот на премиерот Никола Груевски во којшто тој го посочува како концесионер и инвеститор и други докази.

Од тужбата, разбравме дека бизнисменот како доказ понудил расправа на странки и психијатриско вештачење, пишува НОВА.

Повеќе од текстот на порталот на следниот линк ОВДЕ.