Прилепска економија : Власта на Груевски повторно издава еврообврзница со принос од 5 проценти

0
970

Македонија повторно издава седум годишна еврообврзница со принос од околу 5 проценти, јавува денеска Ројтерс откако минатиот четврток по писмото од опозициската партија СДСМ до банките со кое се доведе во прашање легитимноста на задолжување, целата операција беше стопирана.

Не се наведува сумата што ја бара Македонија на меѓународниот пазар на капитал, но доколку не е нешто променето, донесена е одлука за задолжување од 650 милиони евра.

Како главни банки кои управуваат со продажбата на емисијата се Citigriup, Deutshe Bank, Erste Group и Societe Generale.