НУКЛЕАРНА БОМБА НА СЈО: Зоран Заев бил следен од УБК најмалку три години!

0
1198

Прислушувањето продолжило и по објавувањето на аферата „Прислушување“ на 31 декември 2015, од кога биле следени 138 телефонски броеви. Злоупотребата на системот за комуникациите продолжила и во 2016 година, рече обвинителката Фатиме Фетаи.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, бил следен 1.150 дена, односно над три години, новинарот Борјан Јовановски на едниот број бил следен од 3.12.2010 до 10.1.2012, а на вториот број од 25.12.2012 до 10.3.2015. Новинарката Мери Јордановска била прислушувана од 15.2.2014 до 10.3.2015, а новинарот Горан Михајловски од 1.2.2013 до 10.3.2015.