Нема фер судење ако се кршат правата на притворените лица -треба итна посета во Шутка

0
1193

Предуслов за да има фер судење за било кое притворено лице, неопходно е да се почитуваат неговите права загарантирани со Уставот и законите. Ако тоа не е случај, неговите права не се почитуваат додека е во притвор, тогаш во старт се оневозможува судскиот процес да биде фер.

mItko-Jovanov-slika-za-kolumni1

Правата на притворено лице може да се кршат преку уцени, малтретирање, мачење, закани по неговото семејство или други форми на принуда за да се издејствува од него посакувано однесување во судскиот процес-да промени изјава, да прифати односно биде од него изнудено признаение на вина, да прифати да биде сведок итн.

Истотака правата на притвореното лице се прекршуваат и преку несоодветните условите, како повеќе лица во иста ќелија, немање кревет, затоплување, топла вода, храна и слично.

Интерес за влијание врз притворените лица има власта или дел од структурите на власта, тоа не може да се негира во сегашната политичка состојба. Токму затоа правниот институт Притвор ја губи својата целисходност а таа е притвореното лице да не влијае врз процесот на судската постака на кривичното дело за кое е осомничено и притворено. Судот ја изгуби довербата целосно во моменталниот политички момент, туку постои уверување и докази дека судот не влијание, туку контрола од страна на Владата, министрите и други структури од извршната власт.

Токму затоа во сегашната политичка состојба во која се наоѓа Македонија која настана со акцијата „Пуч“ со која се притворени првично три лица, потоа уште две, од кои во меѓувреме едно е осудено со правосилна пресуда, неопходно е да се изврши надзор преку посета на притворските оделенија каде се притворени лицата и да се разговара со нив за да се утврди дали им се почитуваат правата.

Утврдувањето дали се почитуваат правата на притворените лица неопходно е да ја реализира кредибилен меѓународен субјект, дали тоа ќе биде тим од Советот на Европа, пратеници од Европскиот Парламент или пак друга европска или меѓународна институција, не е толку важно, колку што е неопходно и потребно да се направи што поскоро-сега и одма како прв чекор на меѓународната заедница како посредник во разрешување на политичката криза која веќе станува државна криза, затоа што државните институции не се во можност да функционираат и вршат својата функција согласно Уставот и законите поради нивната узурпација од страна на врвот на ДПМНЕ.

Секако дека веднаш треба да реагира народниот правобранител Иџет Мемети и да ги посети притворените лица. Досега нема од негова страна реакција. Истотака уставна и законска обврска е на претседателот на државата а сега оваа функција ја врши Ѓорѓе Иванов, да дејствува за да обезбеди почитување на Уставот и законите. Тој како претседател на државата е и гарант на уставниот поредок, токму затоа со Уставот и законите му се дадени надлежности во правосудната област како што е правниот инструмент аболиција, која претседателот ја употребува во случај на непочитување на правата на граѓаните во монтирани судски процеси или пак од кои може да настанат тешки последици за државата.

Во уставот пишува; „Лицето обвинето за казниво дело ќе се смета за невино се додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска пресуда“, така пишува во член 13 од Уставот на Република Македонија. Додека во член 11 од Уставот пишува; „Физичкиот и моралниот интегритет на човекот е неприкосновен“, додека во став два од овој член стои: „Се забранува секој облик на мачење, нечовечко или понижувачко однесување и казнување“.

Показател дека правата на притворените лица не се почитуваат е констатирано од народниот правобранител Иџет Мемети уште на 30 октомври 2013 година а денеска состојбите може само да се влошени но не подобрени. Народниот правобранител Иџет Мемети за медиумите тогаш изјавил дека постои пренатрупаност во истражниот затворт Шутка, без елементарни услови за престој а за година и половина енормно е зголемен бројот на притвореници, па затоа никој од нив не може да ги оствари своите минимални човекови права.

Специјален тим на Народниот правобранител бил во посета на Шутка. Аница Томшиќ-Стојковска од канцеларијата на народниот правобранител, кој ја извршува и функцијата на националниот превентивен механизам на 30 октомври 2013 година за Нова Македонија изјавила; „Во затворите низ Македонија во ќелиите предвидени за двајца се сместуваат по четири или пет притвореници. Нема доволно кревети, не се почитува правото на два часа прошетка, како и правото за видување со семејството“.

Како причина за непочитување на правата на притворениците таа ја наведува пренатрупаноста со притвореници во затворите, особено во истражниот затвор во Шутка, кој е воедно и најголемиот истражен затвор во Македонија.

„Замислете како може да биде во една просторија предвидена за двајца, а во неа има четири или пет луѓе. Каков е тој воздух што го дишат, а каква е вентилацијата. Во просторијата во која притворениците јадат и ги извршуваат физиолошките потреби во исто време“, изјавила тогаш Томшиќ-Стојковска.

 

За непочитувањето на правата на притворениците зборува и фактот дека во 2012 година до народниот правобранител биле поднесени 278 претставки на сметка на казнено-поправните и воспитно-поправните установи поради лошите услови за сместување, третманот кои со закон им се пропишани, а во практика не се почитуваат.

Дополнителен доказ за можностите за нечовечко постапување се и разговорите кои лидерот на опозицијата Зоран Заев ги објави во врска со апсењето на Љубе Бошкоски а кои граѓаните имаа можност да ги слушнат. Дали дел од намерите искажани на тие снимки се оставрени, можеби граѓаните ќе дознаат допрва.

За тортурата што се врши во затвроите во нашата држава зборуваат и информациите достапни за јавноста за многу случаи изминатите години како случајот со новинарот Владо Танески за кој официјално се тврди дека се удавил во кофа вода во притвореничката ќелија, настан што ја фрапира не само македонската туку и светската јавност а случајот беше инспирација и за филм, чинам се викаше „Мајки“. Случајот „Ореше“, кој истотака може да биде инспирација за сценарио за трилер базиран на реален случај. Тоа се дел од мрачните петна во нашата држава. Страшно!

М-р Митко Јованов