МИНИСТЕРОТ ВЕНКО ФИЛИПЧЕ НАПРАВИ УШТЕ ЕДЕН ГАФ, НАМЕРНО ИЛИ НЕНАМЕРНО ИМ ИЗБЕГА НА НОВИНАРИТЕ ЗА ДА НЕ ОДГОВОРИ НА ТЕШКИ И КРИТИЧКИ ПРАШАЊА!!!

0
1485

Со изговор дека имало технички проблеми со испраќањето на поканата до медиумите, министерот Филипче си направи прес сабајлево практично без новинари, на кој објави дека ја прекинува тендерската постапка за тендерот тежок 35 милиони евра.

Дали се работи за ненамерна грешка или за намерно бегање од новинарите?! Како и да е, новинарите се љути и критикуваат оправдано.

Министерот треба да свика уште еден прес и тоа во прес центарот на владата и тамо да се појави пред новинарите и еден саат да одговара на сите критички прашања!!!

Mence Toci

Каков скандал! Што ќе се случеше ако имаше афера од поголеми размери, само! Еве, ја моќта на медиумите! Сега останува да им застанат на патот на рекетарските портали! Добро сум, не се секирајте! Ама голема бура беше 🙂

Mence Toci
59 mins ·

Министерот Филипче со селективниот пристап кон медиумите не одговори на суштински прашања, како на пример, зошто Фирмата АХР ЛАБ увоз-извоз ДООЕЛ регистрацијата за увоз на реагенси во Агенцијата за лекови (МАЛМЕД) ја добила четири дена пред отварање на понудите од тендерот во Министерството за здравствон

Ivica Apostolov

Со вчерашното инфо МЗ се демантира себеси, односно се потврдува дека потписниците на техничкиот дијалог добиле готов “производ” на потпис, од што произлезе и незадоволството и на што укажуваше граѓанскиот сектор и дел од вработените во лабораториите на јавните здравствени установи.

Јавните дебати и информирање на вработените во лабораториите требаше да бидат направени од страна на министерството уште пред таканаречениот “технички” дијалог кој е наменет исклучиво за економските оператори, но за волја на вистината, директно или индиректно во него се одредува и за судбината на вработените во лабораториите на ЈЗУ, колку и да сакаат во МЗ да ја релативизираат оваа работа.

Со бранење на ставот од страна на МЗ дека “договор не е склучен па не може да се поништи” се добива бледо извитоперување и бегање на страна од вистинскиот и реален тендерски проблем.

Зарем треба првин да се потпише договор и по бурните реакции на јавноста, која патем речена е сензитивна поради криминалните тендери на претходниците, после да се поништи и плати обештетување во милионски суми? Која заштеда тогаш ќе ја имаат граѓаните или буџетот?

Реално е да се очекува поништување на тендерот и “déjà vu” постапка за набавка на реагенси за биохемиски, имунолошки и гасни анализатори од страна на МЗ, a сето тоа и поради нетранспарентниот однос кон јавноста и бурните реакции.

Доколку се докажат недостатоци во целокупната поднесена документација со понудата, а веќе и има недостатоци во самата постапка, неминовно е да се поништи овој тендер.

За крај, сакам да верувам дека замислата на МЗ е рационализација на потрошувачката на тестови и доколку е таква прв ќе ја подржам, но направете го тоа на транспарентен начин со навремено информирање на јавноста, а не по бурните реакции на јавноста.

Вака како што е направена и спроведена целата постапка, воопшто не се разликува од претходните тендери и претходната власт.
P.S. Не сум платен од фармацевтска индустрија да го напишам моето размислување, не сум под притисок да го напишам текстот, а не сум ни новинар.
#ПодршкаЗа Mence Toci