МЕЃУ ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ТЕШКАТА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА СЕ И ТРИ ЛИЦА ВРАБОТЕНИ ВО ЕВН МЕЃУ КОИ И ПОРТПАРОЛКАТА!

0
1348

Меѓу повредените 30-ина лица од вчерашната автобуска несреќа кај местото Ласкарци тројца се вработени во ЕВН, дознава „Макфакс“. Меѓу нив е и портпаролката на ЕВН од Гостивар, Вјоса Селими, која има фрактура на рамото и е во добра добра состојба.

Премиерот Зоран Заев при посетата на повредените утрово рече дека разговарал со повредената портпаролка на ЕВН. „Зборував и со портпаролката на ЕВН, ве поздрави вас колегите“, рече Заев.

Директорот на Градската општа болница „8 Септември“, Христијан Костов, рече дека 9 лица испратиле на домашно лекување. Костов увери дека на пациентите континуирано им е укажувана медицинска помош, а роднините ги советувале да останат спокојни зашто нивните блиски ќе го добијат потребниот медицински третман.