МЕГА БОМБА НА ПОРТАЛОТ АКО : Груевски вечерва ќе поднесе оставка од лидерската позиција во ВМРО ДПМНЕ?

0
4643

Како што дознаваме од извори во ВМРО ДПМНЕ вечерва  повторно е свикан Централниот комитет , а како што не брифираат истите извори, најавено е дека Груевски ќе поднесе оставка. Висок извор од оваа партија не сакаше ниту да го потврди, ниту да го демантира ова, но членови на Централниот комитет уверуваат дека по вчерашниот состанок на кој лидерот Никола Груевски практично им најавил дека ќе одат во опозиција, сега се очекува тој да даде оставка.

Денеска имаше лавина од негативни реакции и коментари на социјалните мрежи упатени кон Никола Груевски. Главно негативно се коментира неговата улога во целиот кризен период, а симпатизерите и членови на оваа партија го обвинуваат раководството зошто не истрајат до крај и зошто воопшто ги манипулирале да излегуваат на протести кога сега ја предале власта.

Александар Бичиклиски на ФБ напиша дека сите 51 пратеник од ВМРО ДПМНЕ ако треба еден по еден ќе ги вадат од дома на протести.

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ денеска се повлекоа од Парламентот и Талат Џафери непречено ја презеде должноста претседател на Собрание на РМ.

Извор : Ако.мк