ЛЕЛЕ ЛЕЛЕ ЛЕЛЕ ЦРНИ ГРУЈЧЕ ЌЕ СКАПИ ВО ЗАТВОР : СУДИЈКАТА КАЦАРСКА НА ГРУЈЧЕ МУ РОКНА 2 ГОДИНИ ЗАТВОР!!!

0
2076

На денешното судско рочиште за предметот ,,Тенк” во Кривичниот суд во Скопје судијката Добрила Кацарска на Груевски во отсуство му изрече казна затвор од 2 години додека на Поповски му изрече 6 години и 6 месеци затворска казна.

За случајот е обвинета и поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, за која постапката е издвоена поради „ризична бременост“.

Груевски, Јанкулоска и Поповски се обвинети за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра.

 Според СЈО, Груевски како премиер побарал од Јанкулоска да определи лице кое ќе спроведе незаконска јавна набавка за ново блиндирано возило, а се фаворизирала фирмата „Мак Аутостар ДООЕЛ“. За да го исполни барањето Јанкулоска го ангажирала Поповски и двајцата ја злоупотребиле службената положба и овластување. МВР направило набавка на возилото кое требало да и биде дадено на Владата, но според обвинителниот акт, било набавено затоа што Груевски сакал да се вози во такво возило, но не сакал јавноста да знае за тоа.

Тројцата обвинети во овој предмет се изјаснија дека не се виновни за кривичните дела за кои ги гони СЈО.