Кире Наумов: Со предложениот неразвоен Буџет за 2017 власта ги продлабочува проблемите нотирани од ММФ и Светска банка

0
936

Изјава на Дополнителниот заменик министер за финансии, Кире Наумов, во врска со изјавата на Министерот за финансии при посетата на ММФ и Светска банка во САД:

Министерот за финансии, Кирил Миноски, да им соопшти на граѓаните што им кажал на претстатвниците на Светска банка и на ММФ вчера во Вашингтон – дали и какви мерки презeде Миноски за дуплираниот јавен долг, неодржливоста на ПИОМ и незначителниот економски раст. 

Овие сериозни забелешки од меѓународните финансиски институции досега власта не само што ги изигнорира, туку и со предложениот неразвоен Буџет за 2017 дури ги продлабочува проблемите нотирани во последните извештаи на ММФ и Светска банка.Веднаш по изборите, ќе биде донесен Буџет според потребите на граѓаните, а за сите непотребни милионски задолжувања на граѓаните, ќе има одговорност.