КАТИЦА ЈАНЕВА : Преговарав со Камчев да стане соработник – сведок во нова предистрага

0
1375

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева преку соопштение објавено на веб сајтот на СЈО се огласи во врска со новите снимки објавени од италијанскиот весник Ла Верита. Ви ја пренесуваме во продолжение:

Во конкретниот случај, во тој период, се водеа преговори од моја страна со лицето О.К. да стане соработник – сведок во една нова предистрага која ја водевме во Обвинителството, заедно со еден од моите помошници обвинители.

Ги повикувам истражните органи што е можно побргу да ја завршат истрагата, да ги приберат сите докази и да ги завршат сите форензички вештачења поврзани со случајот „Рекет“, за целосно расчистување на овој случај и обелување на моето име“, пишува Јанева во соопштението.