КАКВО ГИГАНТСКО ШИЛЕЖЕ, КАКОВ НЕПРОКОПСАНИК, КАКОВ КОПУК, КАКОВ ЕПСКИ ЛЕБАР: Хорхе одбил да се сретне со двете делегации на НАТО, се изморил од работа, бил на одмор?!?!

0
2807

По поканата за членство во НАТО која Алијансата и ја испорача на Македонија, две делегации на НАТО предводени од Генералот Скапароти и директорот за европски партнерства на НАТО МекКи пристигнаа во Македонија.

Претседателот Иванов кој ја премолче поканата од НАТО по Самитот во Брисел и немаше обраќање до јавноста, не прими ниту една од овие делегации.

Неделава во посета на Македонија беше Врховниот командант на НАТО за Европа, генералот Куртис Скапароти кој се сретна со премиерот Заев и со министерката за одбрана Шеќеринска, но не и со шефот на државата Ѓорѓе Иванов. Иванов кој е и Врховен командант на оружените сили не присуствуваше ниту на вежбата на припадниците на АРМ, на која беше гостинот од НАТО.

Од Кабинетот на претседателот Иванов, на прашање на НОВА ТВ зошто претседателот не се сретнал со Врховниот командант на НАТО, одговорија дека овие денови му биле единствени на агендата за одмор.

„При најавата на посетата на командантoт на Командата на американските сили во Европа и Врховната команда на НАТО за Европа, генералот Куртис Скапароти, на Република Македонија, од страна на Кабинетот на Претседателот беше укажано дека тие се единствените денови, кога Претседателот на Република Македoнија, согласно неговата агенда, е на одмор“, пишува во одговорот што од Кабинетот на Претседателот беше испратен до НОВА ТВ.