ЗОШТО ПРОТЕСТИРАМ? Зошто дијаспората ми е лута дека протестирам?

0
1389

Се извинувам што е текстот малку подолг… Ретко тоа го правам, ама сега сум малку повеќе револтиран од обично!

Во бивша Југославија имаше еден многу познат актер, Љуба Тадиќ… Тој во една прилика рече: „Никогаш не зборувам за политика со луѓе што мислат различно од мене.“ 
Јас немам проблем да зборувам за политика со било кој, освен со оние кои што политичката борба ја третираат како спортски натпревар… За нив е важно нивниот тим да победи и не им пречи дали имало груба и нефер игра и дали судијата е поткупен… „Само да победиме и друго ништо не ми е важно!“

acolukaroski

Во нашата дијаспора има многу луѓе кои што не го сакаат СДСМ и го третираат како партија наследник на комунистичката партија… Од тука почнува и тука завршува секоја нивна дискусија за политика… Ако Леброн Џејмс и Меси извадат членски книшки од СДСМ, тие ќе почнат да кажуваат дека Леброн нема врска од кошарка, а Меси е труп за фудбал… Апсолутно никаква објективност и при евентуални дебати, апсолутно никакви факти и никакви аргументи…

Да ви кажам еден пример од денес… Постои една фејсбук група Macedonians in Canada (со над 1.300 членови) и се отвори дискусија за актуелната политичка ситуација во Македонија… Неколку дискутанти кажаа дека на протестот од опозицијата во Македонија имало малку, а на протестот од ВМРО имало многу луѓе… Еден мој пријател (Aco Gjor) постираше фотографии од кои што може реално да се види каков беше протестот од опозицијата… Јас сум сигурен дека за најголем дел од членовите на таа фејсбук група, тие фотографии би биле големо изненадување… За жал, админот на групата (Chris Tajca) експресно ги избриша… Зошто да се скрие вистината? Кој се плаши од неа?
(Истиов текст ќе го ставам и во таа група… Ако биде избришан, излегувам од таа група!)

Да кажам сега нешто за МОИТЕ политички ставови, односно даобјаснам зошто протестирам… По природа, јас сум „опозиционер“… Не сум задоволен од ниту една власт досега… Кога СДСМ ја водеше Македонија во 90-тите, јас бев во првите редови на митинзите на ВМРО… Не бев задоволен од политиките на Бранко Црвенковски, на Љубчо Георгиевски, на Владо Бучковски, а не сум задоволен ниту од Никола Груевски… Дури и тврдам дека Груевски е убедливо најлошиот премиер што го имала самостојна Македонија… Тука не ни има простор за споредба…

И не се плашам ГЛАСНО да кажам… Сакам повеќе демократија во мојата Македонија… Сакам подобора економија во мојата Македонија… Сакам послободни медиуми во мојата Македонија… Не сум задоволен што од 26-то паднавме на 134-то место на листата на „Слобода на медиуми“… Не сум задоволен што имаме најмалку инвестиции по глава на жител во Европа… Не сум задоволен што според меѓународни стандарди имаме континуиран раст на стапката на сиромаштија… Не сум задоволен што имаме гломазна администрација во државата и континуиран пад на бројот на вработени во индустријата… Не сум задоволен што луѓето СЕ ПЛАШАТ да кажат дека не ја сакаат власта (барем до скоро беше така)… И уште многу други работи… Можам уште многу долго да набројувам…

Патем, не сакам СДСМ-хејтерите да си го узурпираат правото да се претставуваат поголеми Македонци од мене… За Македонија многу сум правел и многу ќе правам… Долги години спонзорирам многу македонски организации со бесплатни домејни и бесплатен хостинг… Тука се MHRMI, Виножито, ОМО „Илинден“ – ПИРИН, Македонска Алијанса од Албанија, Народна Волја (весник на Македонците во Бугарија), неколку македонски цркви во Канада и САД и многу други организации, друштва итн. Исто така, сум донирал финансиски средства во MHRMI, ОМД (Обединета Македонска Дијаспора), во македонски цркви итн.

И не сакам никој и никогаш да се сомнева во мојата љубов кон Македонија и да ме смета за ПОМАЛ МАКЕДОНЕЦ од „вмровците“!

Ацо Лукароски – македонски исселеник во Канада