ЕКСКЛУЗИВНО ЗА ВОЈНАТА НА ГРУЈО И КАМЧЕВ : Како Грујо ја порачал насловната во Вечер за Камчев и целата игра и последици на Камчев и Бојо од нивната кавга

0
2208

Еве што пишува Ацо кабранов за оваа случка во Либертас на 16-04-2013 година:

vecer17042013

Провладиниот „Вечер“ во утрешното издание на насловната страна го “спружи“ бизнисменот Орце Камчев со наслов Зошто се му е малку? – Орце Камчев ја налути владата  и со самото тоа се вклучи во вербалната војна што ја започнаа Владата и бизнис империјата на Камчев.

Ова е крајно очекуван епилог по денешните преписки помеѓу Владата и дневниот весник „Дневник“ како дел од МПМ групацијата во сопственост на Орце Камчев. Прва опонираше Владата која преку соопштение  реагираше во врска со написот објавен во денешното издание на печатениот весник Дневник, со наслов „На клиниката за гинекологија, стари шпилхозни ги налутија новите мајки-родилки “. Потоа главниот уредник на „Дневник“  Дарко Јаневски излезе со одговор на Владата по нејзиното писмо во овој весник во кој се критикува нивниот текст за Клиниката за гинекологија, за се ова вечерва да финишира со објавувањето на утрешното издание на „Вечер“ на кое директно е посочен и обвинет Камчев дека ја налутил Владата.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=swxzabC7XD4[/youtube]

После оваа нарачана насловна, орце решава да му се одмазди на Вечер и газдата Бојо и престанува да го печати и дистрибуира Вечер во својата печатница и со својата дистрибутивна мрежа, најголема во земјава. Од тогаш Вечер се дистрибуира и печати заедно со опозицискиот Фокус, што е неверојатна иронија.

Камчев од друга страна доби жолт картон пред исклучување со тоа што владата одби да му ги исчисти каналите во Пелагонија која сега тој ја поседува преку ЗИК Пелагонија и неговите ниви беа поплавени пред неколку месеци и тој претрпе милиони евра штета со уништено жито.

mkd-174146

Пораката од Грујо е јасна, ти даваме милиони евра да се богатиш но да не си помислил да ме критикуваш инаку црно ти се пишува! За воља на вистината, Камчев потоа доби оштета од државата во вредност од 4 милиони евра, но сепак Грујо сакаше да му оддржи лекција на Камчев кој е шеф во земјата!