(ВИДЕО) Претседателот Заев пред СДММ : Се гледаат промените во политиките за младите и нивната перспектива, на прав пат сме

0
1310
Почитувани млади луѓе на вас е да ги движите промените кои се случуваат и да делувате во интерес на вашата иднина и идинината на државата. Ние како политичари креираме таков амбиент и нема да застанеме, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната младинска трибина во Скопје.
-Ваша е иднината и ваша е обврската да се борите за иднината ваша и на вашата земја, ние како политичари ќе продолжиме да креираме таков амбиент, позитивен. Вие прогресивните млади луѓе го знаете повеќе од било кој друг човек, прогресот е тој што движи напред. Со нашите политики сите добиваат, гледаме покачување на платите, на условите.
Добиваат лекарите, војниците, администрацијата, професорите, вработените во социјалата, бизнис секторот, фирмите…Но пред се младите. Сосема се различни политиките од она што беше порано. Затоа сето ова што се случува е показател дека сме на вистинскиот пат.
А вие, со вашето присуство денеска покажувате дека ова е патот, дека се борите, дека дома е најдобро! Продолжуваме по вистинскиот пат, рече Заев.