(ВИДЕО) Овој плукнат на Грујо: Претседателот на УМС избега од одговори пред медиумите

0
1008

neloski-638x320Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски пред медиумите даде класичен отчет за сработеното на партијата за младите, но одби да одговори на новинарските прашања, пренесува „А1он“.

Тој само кратко одговори дека ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија која се грижи за младите и го спречува селењето од државата и веднаш ја напушти говорницата не оставајќи простор за понатамошни прашања.

Нелоски ги кажа сите предности кои младите ги имаат во моментов, но не остана да одговори зошто и покрај нивната грижа, студентите живеат во мизерни услови со стаорци во студентските домови и лебарки во храната која ја добиваат од таму, нешто за што тие секојдневно информираат преку медиумите.

Видеото ОВДЕ