(ВИДЕО) ОВАЈ ЧОВЕК НЕЗНАЕ ДА ОДМОРИ, РАБОТИ СО 300 НА СААТ : Заев забрани користење службени автомобили и канцеларии во изборната кампања за локалните избори

0
5771

Службени возила, канцеларии и други јавни државни добра ќе бидат забранети за користење на претстојните локални избори. Премиерот Зоран Заев на денешното отворање на конференцијата „Одвојување на државата од политичките партии“ рече дека Владата за реализирање на оваа цел донела упатство за забрането користење државни ресурси за лични и партиски цели.

„На овие избори нема да има уцени закани и заплашувања за државната администрација“, рече Заев нагласувајќи дека определба на новата Влада е одвојување на државата од партијата.

За оние што ќе го прекршат упатството премиерот Заев нагласи дека ќе има нула толеранција.

Заев ги охрабри сите заинтересирани граѓани да се јават за соработка во интерес на фер и демократски избори.
„Ги повикувам граѓаните слободно да сугерираат за сè што мислат дека е потребно за фер и регуларни избори“, повика премиерот.

Освен забраната за користење јавни добра, премиерот рече дека се предвидени низа мерки кои се однесуваат на подобрување на условите за работа на ДИК, има низа обврски за Министерството за внатрешни работи, а одобрени се и доволно средства за организирање и спроведување на изборите.

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Семјуел Жбогар, на отворањето на конференцијата ја поздрави иницијативата на новата Влада за усвојување на мерките за фер и демократски избори, но нагласи дека од особена важност е и нивната имплементација, од што ќе зависи издигнувањето на демократијата во Македонија на повисоко ниво.

„Сите политички лидери треба да го искористат изборниот процес за повторно да ја потврдат и демонстрираат својата посветеност на демократските вредности и владеењето на правото, така што престојните избори ќе можат да претставуваат чекор напред кон патот за интеграција на земјата во ЕУ“, рече Жбогар.

Со голем фокус ќе ја следи имплементацијата на мерките и граѓанската асоцијација . Директорот Дарко Алексов најави навремено информирање на јавноста за сите случувања.

На тема „Одвојување на државата од политичките партии“ во тек е конференција на која предвидени за дискусија, покрај МОСТ, се и претставници од ЦИВИЛ, од Институтот за европска полтика, од „Евротинк“ – Центар за европски стратегии, од Центарот за управување со промени, од „Транспаренси интернешенл“ и претставници на политичките партии.

Извор : МакФакс