(ВИДЕО) ЕБАТИ ШВАЛЕРОТ, затоа што на Диме Спасов не му се давало пари дури и горивото не го плаќал па морал да смислува трикови за крадење на гориво!

0
2443

Прес конференција
Фросина Ташевска-Ременски, министер за труд и социјална политика
Почитувани,

Очигледно е дека во Република Македонија, лицата носители на политички функции одамна не знаат за своите постапки да понесат одговорности, наместо тоа се задскриваат зад превезот на моќ, која оваа власт ја наметнува сиве овие 10 години. По мојот вчерашен прес на кој беа презентирани дел од фактите во однос на настанот од саботата во кој се инвлвирани дополнителниот заменик министер Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски, од Агенцијата за вработување доцна вечерта беа изнесени лаги со цел да се манипулира јавноста наместо храбро да се одговара за секоја постапка.remenski01113

Без грам срам лажете! Јавноста очекува овие двајца функционери да се појават пред очите на граѓаните, да дадат одговори на многу прашања кои се пред се од јавен интерес. Дополнителниот заменик министер до сега молчи. Господине Поповски, вие како директор на Агенцијата за вработување исто така должите многу одговори, одговорете и на јавноста зошто и како возилото кое направи неколку сообраќајни прекршоци се најде во рацете на Диме Спасов?

Возилата кои вчера ги обелоденивме во јавноста не се во сопственост на Министерството за труд и социјална политика, ниту пак биле дадени со некаков си договор во октомври 2015 година. Хипотетички, зошто би се вратиле на користење возила на Министерствотот кои краток период пред октомври 2015 истите со одлуки на Влада, објавени во службен весник ви се доделени Вам? Која била потребата од носењето на тие одлуки, кои Владата ги разгледувала на седница и утврдила да ви се доделат Вам?

Должна сум да ја информиран јавноста дека веднаш по повторното превземање на функцијата министер за труд и социјална политика, формирав комисија за вонреден попис на возниот парк и моторните возила на министерството. Комисијата констатираше дека за 7 возила не е направен физички попис на 7-те возила, меѓу кои и 4 на Аврм, бидејќи истите се доделени со одлука на Влада на Вас, Агенцијата за вработување.
Тоа е констатирано и во извештајот кој го потготви Комисијата за попис. Уште еден факт говори спротивноон она што вие изјавивте во текот на вчерашниот ден дека министерството ги поседува 4-те возила меѓу кои и Туарегот, тие никаде не фигурираат во прегледот на регистрирани и осигурани возила од страна на Министерството за труд и социјална политика.

Тука да ставиме и за бензинот…дека различен тип на нафта се ставало од неговата картичка и картичката на другите коли и на тој начин се вршело злоупотреба

Затоа јавно ве повикувам, да имате доблест и да понесете одговорност за настанот кој предизвика огромен јавен интерес и му наштети на угледот на оваа институција, која наспроти овој Ваш луксуз, секојдневно се труди да ги реши и најгорливите прашања на многу категории на граѓани, меѓу кои и најзагрозените социјални случаеви. Ве повикувам јавно, да престанете да плетете мрежа од лаги, и пред да се повлечете од функциите кои ги вршите, да ги дадете вистинските одговори кои граѓаните ги очекуваат од вас. За тоа сте должни!