(ВИДЕО)Целата прес конференција на Зоран Заев: Македонијо, заедно ја продолжуваме борбата за слобода и демократија! Улиците и сокаците не ни бегаат!

0
863

„Македонијо, заедно ја продолжуваме борбата за слобода и демократија. Повикувам на широк граѓански фронт за слободна Македонија против Никола Груевски“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес конференција, по синоќешната објава за бојкот на изборите на 5 јуни.

– Повикувам во Платформа за слободна Македонија да се приклчуат коалициските партнери, политичките партии, невладините организации, сите борци за слобода. Заедно со граѓаните да ја вратиме демократијата, да ја донесеме слободата. Бидејќи тоа не е прашање на личен избор, туку на Македонија и нејзината иднина. Демократска Македонија не прифаќа лажни избори – рече Заев.