(АУДИО) Гоца Бесни Брк ги омрсила брковите со тендерот на ЕЛЕМ: Нејзиниот брат е дел од сомнителната набавка преку која мафијата исцицала 4 милиони евра народни пари за софтвер кој уште не работи, а за чие одржување потрошиле и 450 илјади евра!

0
2150

Вчера СЈО отвори нова истражна постапка, под кодното име „Тарифа“, во врска со набавка на софтвер во државната компанија ЕЛЕМ, во вредност од 4 милиони евра, кој се уште не е комплетно ставен во функција.

Тоа требаше да се случи пред четири години, но од ЕЛЕМ се правдаа дека поради сложеноста на системот мора да има период на тестирање за да се види дали ги дава очекуваните резултати. Пред две години посочија дека тестирањето ќе трае една година, но, сега повторно се испоставува дека системот целосно не е функционален.

Но, токму оваа набавка сега ја истражува Специјалното јавно обвинителство. Се сомнева дека е направена штета на државата со тоа што ико системот не бил целосно изготвен, се плаќало за негово одржување, за што е потрошена сума од 450 илјади евра.

Тендерот за имплементацијата на овој софтверски системо во државната компанија за производство на струја ЕЛЕМ, го добил конзорциумот предводен од чешката фирма „Нерас“. Во него членуваат уште две фирми од Бугарија , AP Concept Ltd и Adven Ltd, како и RSC River Soft Computers од Македонија.

СДСМ во една од бомбите (34) објави разговор помеѓу екс премиерот Никола Груевски и поранешниот директор на ЕЛЕМ, Владимир Чинговски. Тврдеа дека зборуваат за мешана, чешко –бугарска – македонска фирма, а го спомнуваат и братот на поранешната министерка за полиција, Гордана Јанкуловска.

Ќе слушнете разговор за македонско-чешка фирма која добила тендер „по линија“. Од интерес на Груевски е патот на 350 милиони и дали тие завршиле кај братот на Гордана Јанкулоска, која тој ја испрати во историјата, рече при објавувањет на „бомбата“ лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Ова е разговорот:

НГ: Дали е точно дека ти на овие за софтверот си им рекол да дадат уште 350?

ВЧ: Не е точно. Тие дојдоа кај мене со понуда…

НГ: На тој Жарко што вади пиштол, и ако добро разбрав на братот на Горде.

ВЧ: Не, не, не, не. Не, не. Само ги мешаат…

НГ: И тоа директно таму, од тие Чеси ли се, што ли се…ти си барал уште 350, ти лично.

ВЧ: Не, не, не. Значи…

НГ: На овој пиштолџијата и на братот на Горде, ама за ова не сум сигурен второто, уште еднаш треба да препрашам.

ВЧ: Не, не. Значи беше кај мене и тој другиот. Бугаринот беше кај мене, што ми пративте порака преку Ленче. Разговарав јас и со Чехот. Значи тој Бугаринот сега вика, не се 600 кај што треба да завршам работа, туку се 950.