Од денеска, 160 деца се сместени во новата најмодерна, најголема и најубава градинка „Кочо Рацин“.
Добредојде им посакаа воспитувачките, директорката и градоначалникот Андреј Жерновски.
И децата и родителите беа вооодушевени од условите во кои од сега тие ќе престојуваат, ќе играат и ќе другаруваат.
Новата градинка „ Кочо Рацин“ е на местото на стариот руиниран објект и е три и пол пати поголем од стариот. На две илјади и осумстотини метри квадратни во оваа градинка запазени се сите критериуми за безбедност на децата. Ова е прв јавен објект со енергетска ефикасност, со подови од винил и подно греење, секоја просторија има свој санитарен чвор, регулаторна температура, антиалергиска подлога.
Децата денеска го добија и првиот оброк од најмодерната кујна градена по ХАСАП стандарди.
Секоја од занималниоте отвора нова приказна за децата, а спалните, велат децата, се како од бајките. Оваа градинка за децата е убава како дома.