Лекарите ги прекинаа операциите, на пладне ќе протестираат, сметаат дека инцидентот е последица на негативната кампања кон нив од власта

0
1312

drzavna-parking

Лекарите од хируршките клиники денеска на пладне ќе се соберат  во амфитеатарот во кругот на клиничкиот центар „Мајка Тереза“ за да го изразат револтот од денешниот инцидент во кој граѓанин рани хирург откако неговата мајка која била со тешка дијагноза починала по итната операција.

Лекарите се чувствуваат загрозени да ја работат својата работа и сметаат дека ова е последица на негативната кампања кон нив од власта, а во корист на правата на пациентите.

Лекарите ги дозавршуваат почнатите операции и прегледи, по што целосно ќе престанат да примаат пациенти и да оперираат.

фото: А1он.мк