ЛОГИЧНА ОДЛУКА, ЦО на СДСМ одлучи: Не за избори на 24 април, министрите остануваат до 24 февруари, дотогаш преговори за нов датум

0
1296

Централниот одбор на СДСМ ја потврдил одлуката на Извршниот одбор за партијата да не учествува на избори на 24 април.

Сепак, решението е партијата да остане во процесот од Пржино до 24 февруари, односно министрите да останат во преодната Влада, пратениците во Собранието, а да бидат вклучени и во работните групи под посредство на Ванхауте, каде би се пронашло решение за нов датум за избори.

Инаку, 24 февруари е датумот кога ќе се распушти Собранието, одлука која беше донесена во понеделникот, од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, по констатирањето на оставката на Груевски.

Од СДСМ остануваат на ставот дека нема да учествуваат на избори без слободни медиуми и без прочистен избирачки список.