Сашо Тасевски: Друштво кркајте си субвенции и без паламудење, земете парите, напрајте си проектче и мукла

0
364

Кога ќе речат СЕ БОРЕЛЕ против Груевски и Скопје 2014, мислиш секој од нив по три куршуми добил во борбите и три офанзиви преживеал ко онаа на Неретва.

Друштво кркајте си субвенции и без паламудење за жртви и борби. Жртви давале и борби воделе нашите дедовци, ми смо, а и ви сте Бичке. Што не се борите уште? Или сега само јубилеи од борбите славите?

Има и друг начин да ги потсетувате дека сте го гушкале Гтц, пред поделбата на нови пари за вашите проекти. Овде ширење демагогии не треба. И ако веќе се тргаат огради и дивоградби, не ги заборавајте оние од другата страна на Вардар. Затоа без керефекање. Земете парите, напрајте си проектче и мукла.

Фејсбук статус на актерот и екс директор на драмски, Сашо Тасевски