ПРАВДАТА МОЖЕ Е СЛЕПА НО СТИГНУВА ВО ВИСТИНСКО ВРЕМЕ – ЧЕТИРИ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА СТАРОТО МОНСТРУМЧЕ КОЕ НА КРВАВИОТ 27-МИ АПРИЛ ВО СОБРАНИЕ КРВНИЧКИ ЈА ТЕГНЕШЕ ШЕЌЕРИНСКА ЗА КОСА

0
217

Панче Ангелов кој ја нападна Радмила Шекеринска за време на насилствата во Собранието на РМ на 27 април, денеска доби четири години казна затвор од скопскиот Кривичен суд.

Ангелов на рочиштето што се одржа минатата недела изјави дека се чувствува виновен за кривичното дело што е наведено во обвинителниот акт.

– Разбрав за што сум обвинет, се чувствувам виновен за кривичното дело. Го признавам во целост како што е напишано во обвинителниот акт. Се извинувам кон целата јавност за тоа грозомормно дело што го направив и им се извинувам на оштетените во оваа кривична постапка, рече Ангелов на судењето.

Неговиот адвокат, Драган Пешевски, кој му беше доделен по службена должност, го замоли Судот да му одреди пониска казна. Како олеснителна околност го наведе неговото признание, возраста, каењето, како и досегашната неосудуваност, додавајќи дека Ангелов кривичното дело го сторил во момент на афект.

Обвинителката во овој случај, побара Судот да го казни обвинетиот, но рече притоа да се ценат олеснителните, но и отежителните околности. Признанието, како што вели обвинителката,  може да ја спушти казната за 70 проценти, но исто така треба да се ценат и отежнителните околности, бидејќи без повод и причина на подмолен начин ја искористил немоќта на жртвата.

Шекеринска на последното рочиште, на 6 октомври, побара одговорност за Ангелов и за организаторите на настаните во Собранието.

За време на насилствата во Собранието на РМ Ангелов ја повлече за коса Шекеринска, откако беше удрена со метален статив по глава. Во обвинението се наведува дека Ангелов бил во првата група која влегла во Собранието и прво му упатил закани на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, а потоа ја нападнал Шекеринска.

За кривично дело насилство предвидена е казна затвор од три до 10 години.

СПОДЕЛИ