Општина Ѓорче Петров: Не се гради зграда во паркот, туку се враќа старото Корзо

0
1589

Општина Ѓорче Петров категорично и целосно ги отфрла тенденциозните напади  на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека во паркот во Ѓорче Петров ќе се гради зграда. Станува збор за класична дезинформација и лага.

Едиствено точна информација  од целата прес конференција на Бојан Стојаноски е дека се гради, но на ограденото место се прават подготовки за изведба и враќање на старото Корзо во Ѓорче Петров.

Градежната локација е со површина од 6.500 m², и во себе опфаќа повеќе целини кои треба да создадат атрактивна јавна површина. Во моментов општината ја спроведува со сопствени средства Фаза I од проектот која предивидува расчистување на теренот, рушење на непотребни остатоци од стари објекти, поставување на подземни инсталации, и бетонски работи.   Јавната површина која е дефинирана со проектот обединува повеќе простори/содржини во себе: Плочник, (Амфитеатар) Пјацета со скалиште, Корзо, Пјацета во пад, Детско игралиште. Целосната изведба на корзото треба да финишира во април наредната година со што го враќаме белегот на општината, симболот на ноќниот живот и урбаното живеење во Ѓорче Петров.

ВМРО ДПМНЕ со манипулации се обидува да го наруши угледот на Градоначалникот и општина Ѓорче Петров .Целосна шпекулација е дека Градоначалинот Александар Наумоски ги узурпира зелените површини. Од паркот нема да се одземе ниту милиметар зелена површина, одговорно тврдиме. Со изведба на Корзото, општина Ѓорче Петров треба да добие вистинско градско јадро, на кое ќе има Корзо со кафетерии и други организирани содржини за сите возрасти.