(ВИДЕО) ШОКАНТЕН ПРЕСВРТ: МАЈКАТА ГО ПРЕТЕПАЛА БЕБЕТО ДОНЕСЕНО СО СКРШЕНИ НОЗЕ И ГЛАВА ПРЕД НЕКОЛКУ ДЕНА ВО КАРИЛ!!!

0
1671

Мајката на ѕверски претепаното 14 месечното бебе кое три дена е на КАРИЛ со тешки повреди е задржана во полиција, дознава 1Тв. Според неофицијални информации таа е осомничена дека таа е насилникот кој нанел тешки телесни повреди на бебето. Мајката  до доцна попладнето беше на распит во МВР, но повеќе детали што се случило, засега нема.

Надлежните се посомневаа во 20 годишната мајка уште при првичните нејзини изјави кои беа контрадикторни – дека бебето паднало од креветче, дека ги претепале роднини на сопругот кој е во затвор, за потоа да изјави дека насилникот е пријателот на сопругот кај кој таа живеела.

Детето има скршеници на двете нозе, крвавење во мозокот и скршеница на челната коска. Се претпоставува дека и претходно било малтретирано, бидејќи скршениците на нозете се стари две до три недели, исто колку и старата повреда на мозокот.

Од КАРИЛ за 1ТВ велат дека бебете е стабилно и подобро од вчера, но сеуште е во опасност. Таа од денеска се храни нормално, добро напредува и ќе биде префрлена на детска хирургија.

Одреден му е старател – социјален работник кој ќе одлучува за неговата иднина и ќе потпише за евентуални хирушки зафати кои би се вршеле врз него. Мајката и роднините имаат забрана за било каков контакт со бебето. А мајката беше сместена во шелтер центар, додека за бебето ќе се грижат социјалните работници.

Мајката е корисник на парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители. Социјалните служби имале контакти со неа, а таа до сега не била евидентирана ниту како жртва, ниту како насилник. Од  Центарот за социјални работи пак изјавија дека до сега се покажала како грижлива мајка.

Осуда за насилството денеска  стигна и од Асоцијација за здравствена едукација и истражување – ХЕРА и од Народниот правобранител.

Александра Филиповска, 1 ТВ