(ВИДЕО) ЗАЕВ ЗА FRONTLINE : Многу се нервирам, многу ми е криво што милијарди се потрошија за глупости во минатото а за екологија ништо не се направило, се изгубуло драгоцено време и се потрошиле големи пари за глупости!

0
1646

Јас жалам што почнавме последните години да работиме на оваа работа како држава. Многу порано требало да се работи, многу пари отидоа во глупости според мене – споменици, музеи, непотребни работи, во џебови на политичари… Тоа беше актуелниот момент. Мал дел да отишло на тоа, веќе ќе бевме во поинакво светло. Но, почнавме. Што се случува?

Огромни милиони се инвестираат во адаптирање или во вградување на нови системи од еколошки аспект и отстранување на нееколошките системи: во болници, во детски градинки, во училишта, во јавни објекти, каде што се заменуваат самите системи за греење на установите, од нафта, од дрва, од фосилни горива, во природен гас, во инвертери, во нешто што е еколошки.

Дополнително, во градинките и во училиштата, пред сè, набавивме пречистувачи на воздух. Директно интервенираме во филтрите на јавните компании и тука имаме поддршка преку ФИТР и преку поддршка на индустријата, директно.

Извор : ФронтЛајн