БОМБА НА СПАСОВСКИ ОД ТРИБИНАТА ВО ОХРИД : За две и пол години отворивме нови 54.000 работни места, пред се во приватниот сектор

0
271
За две и пол години отворивме над 54.000 нови работни места. Тоа не значи само намалување на невработеноста, туку тоа се повеќе пари во пензискиот фонд, повеќе пари за социјална заштита, подобрување на животниот стандард за повеќе граѓани, порача потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски на трибина во Охрид.
Пред присутните Спасовски истакна дека концептот за раст на платите и намалување на невработеноста е реален и дава резултати.

Пред само две години минималната плата беше 9.000 денари, ние прво ја покачивме на 12.000 денари и ја израмнивме во сите сектори. Сега ја зголемуваме на 14.500 денари, а веќе наредната година ќе има ново зголемување, за да дојде до 16.000 денари, онолку колку што ветивме пред граѓаните. Тоа носи раст на платите а просечната плата сега е повисока за околу 2.000 денари за разлика од пред две години, истакна Спасовски.