Home Колумни Квазимодо

Квазимодо

0
2771

Македонија како Квазимодо – деформитет на демократијата и цивилизацијата, сокриена од светот во Богородичната црква е вистинската метафора за нас под криминалата врхушка на ДПМНЕ.

Frchko

Македонија денес има заокружен систем на авторитарен режим, во кој мафијата на фамилијата е и закон и суд. Тој систем почна да се распаѓа во смрдеа и насилство пред наши очи деновиве, како што следи во сите провинциски диктатури по основната линија на која се потпираше: контролата на приватноста, стравот  и депривација од правата на луѓето.

Системот „скљока“ пред наши очи по главната линија на неговата доминација – тајната полиција и контролата.

Европската унија има дел од одговорноста за развивање на овој авторитарен систем во Македонија. Таа под свој чадор и делумно со свои пари финансираше, кобајаги приближување кон ЕУ на земја кандидат, всушност не сакаше да ги види диктаторските тенденции кои режимот ги појавуваше со години. ЕУ беше замајана од мантрата: безбедност – пред – демократија, која ја бараше од земјите во регионот, посебно Македонија. Резултатот на испорачаната „безбедност“ според ваквата формула од македонскиот режим беше тендерска коалиција со албански партнер – и добивање време и простор за диктаторски отклон.
Системот на владеење на правото и поделбата на власта потполно го разорија. ЕУ молчеше или недоволно и слабо бележеше „назадување“. Сега се чуди и бесно реагира дека нешто мора да се стори. И тоа навистина паѓа на товар на ЕУ повеќе отколку што нив им се чини.

Целата колумна може да ја прочитате ОВДЕ(Либертас)