НАПАДОТ ВО ОХРИД НАРАЧАН ОД ВМРО-ДПМНЕ?! И ТЕПАЧОТ И ТЕПАНИОТ БЛИСКИ НА МИЦКОСКИ И НИКОЛОВСКИ?!?!

0
1870

Илија Спасески, тепачот на секретарот на бугарскиот клуб во Охрид сликан со Градоначалникот на Охрид, Пецаков, од скоро бил вработен како професор во охридско училиште?! А само пред 2 дена Пецаков негираше вмешаност во случајот. Вистината е како шило, нели?!
П.С. Спасески од неодамна е вработен како наставник по физичко, со потпис и амин на Пецаков.

Натепаниот секретар на бугарскиот клуб Цар Борис Трети од Охрид, Христијан Пендиков, кој како член на УМС на неколку фотографии може да се види во друштво со најтесното раководство од ВМРО-ДПМНЕ. Според новинарот Цветин Чилиманов, пак, Бугарија била спасот за вмровските деца од УМС. Чилиманов коментираќи твит на извесен  „@forty_two“ посочуваќи на Христијан Пендиков, вели дека „децата си бараат други држави и каузи“ и дека за тоа не треба да се потсмева.

 

 

Од објавите на Пендиков на социјалните мрежи, се гледа дека тој, сега секретар на бугарскиот клуб Цар Борис Трети од Охрид, бил дел од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и Унијата си ја сметал, како што вели, за Фамилија.

Секретарот на бугарскиот клуб Цар Борис Трети од Охрид, Пендиков, има фотографии и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ и кандидатка за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова.

Пендиков има фотографија и со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Дваесет и едногодишниот Бугарин од Охрид, Христијан Пендиков, кој е секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, пред неколу дена бил претепан од три лица, а нападот бил извршен пред угостителски објект во центарот на Охрид.

Полицијата приведе тројца охриѓани осомничени дека физички нападнале свој сограѓанин во угостителски објект на кејот „Македонија” во Охрид.

Инцидентот го осудија претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, како и нивните бугарски колеги, Румен Радев и Галаб Донев, а Делегацијата на ЕК во Скопје, и побараа од властите да го истражат случајот.

Извори од истрагата за МИА потврдија дека против Х.П. во текот на декември полицијата покренела кривична пријава под сомнеж за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” според член 215 од Кривичниот законик.