ЗЕМЈИТЕ ОД ВИШЕГРАДСКАТА ГРУПА ЈА ПОДДРЖУВААТ НАШАТА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ЕУ, ЗАЕВ: ОЧЕКУВАМЕ ДЕБЛОКИРАЊЕ НА ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА СО ПОРТУГАЛСКИОТ ПРЕДЛОГ КАКО ДОБРА ОСНОВА

0
129
Vishegradska grupa

“Благодарност до земјите од Вишеградската група за нивната силна поддршка за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан.

Со амбасадорите на Полска – Војциех Тицињски, Унгарија – Ласло Иштван Дукс, Словачка – Хенрик Маркуш и на Чешка – Мирослав Томан, разговаравме за денешниот Министерски Совет за општи работи на ЕУ и изразивме надеж дека ќе биде постигнато прифатливо решение за деблокирање на евроинтеграцискиот процес за Северна Македонија засновано на предлогот на португалското претседателство со ЕУ.”
-ФБ СТАТУС НА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ