ЗЕЛЕНАТА АГЕНДА НА ДУИ СЕ ПОКЛОПУВА СО ЗАЛОЖБИТЕ НА ВЛАДАТА, ЗАЕВ: ЈАВНО ДАДЕНИОТ ЗБОР НА ДУИ ЗНАЧИ ОБВРСКА ТОА ДА ГО СПРОВЕДУВААТ И ВО ПРАКСА

0
934

Премиерот Зоран Заев денеска изрази задоволство поради тоа што најголемата албанска политичка партија излегува од етничката агенда и се насочила кон граѓанинот.

“Доста беа поделби меѓу Македонци, Албанци, Срби, Турци, Власи. Во државата имаме граѓани. Сакам да го поздравам тоа поради тоа што е исчекор, а посебно кога доаѓа од најголемата владејачка партија од албанскиот политички блок. Многу е значајно кога политичарите излегуваат јавно и го даваат својот збор. Тогаш тоа значи нивен завет и обврска и во пракса да го спроведат. Тоа го мислам пред се’ за СДСМ, но и за ДУИ и за сите други политички партии. Истовремено ги препознавате нивните политики на градење на зелената агенда на Владата” – рече Заев. 

Потенцираше дека граѓаните очекуваат од СДСМ и ДУИ, но и од БЕСА и ДПА и сите други партии што се во коалиција, да се јакнат правата на работниците, да се зајакне зелената еко агенда, заштитата на животната средина и развој на економијата.

“Јас верувам дека ќе дадат резултат. Впрочем вие ќе не’ цените, новинарите, а доминантно преку вас граѓаните дали навистина сите наши градоначалници, дали сите наши министри, директори, раководители ќе ја спроведуваат во пракса со толку значајната зелена агенда за нашиот народ” – изјави премиерот Заев.