ЗАВРШЕНА Е РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА КЕЈОТ 13 НОЕМВРИ, ШИЛЕГОВ: НАПРАВИВМЕ НОВО ПОПЛОЧУВАЊЕ, НОВИ ПАТЕКИ ЗА ЛИЦА СО ИНВАЛИДИТЕТ, КЛУПИ, КОРПИ, КАНДЕЛАБРИ И РЕФЛЕКТОРИ

0
838

“КЕЈОТ 13 НОЕМВРИ ПОВТОРНО НАЗАД КАЈ ГРАЃАНИТЕ НА СКОПЈЕ, РЕКОНСТРУИРАН, ПОУБАВ И ПОШИРОК

Како што и самите можете да се уверите, шеталиштето на Кејот 13 Ноември никогаш не било поубаво и никогаш не било толку полно со луѓе кои со уживање ја користат ширината на овој простор. Реконструкцијата на овој дел од Кејот опфати партерно уредување на површина од околу 12 500 метри квадратни која концептуално е поврзана со околните објекти.
Со реконструкцијата на кејот беше изведено целосно ново поплочување, патека за лица со инвалидитет, поставени се нови клупи, корпи за џебен отпад, нови жардиниери за дрворедот кои целосно ги ослободуваат корените на овие дрвја, канделабри, рефлектори за осветлување и нови бетонски и нови електрични столбови заради реализирање на забраната за паркирање.”
-ФБ СТАТУС НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ГРАД СКОПЈЕ, ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ