ЗАТВОРОТ ПОЧНА ДА Ѝ ДЕЛУВА ПОЗИТИВНО НА ГОРДАНА ЈАНКУЛОСКА: НА СУД ПРИЗНА ДЕКА ЛИЦА Ѝ ДОНИРАЛЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ВО 4 ОЧИ СО ГРУЕВСКИ А ПОТОА ТОЈ СИ КУПУВАЛ ПЛАЦЕВИ НА ВОДНО

0
1974

Од затворот Идризово до Основниот кривичен суд во Скопје утрово беше спроведена поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за да сведочи за тоа како се финансирала ВМРО-ДПМНЕ.

Јанкулоска зборуваше за периодот кога таа била генерален секретар на партијата, од есента 2004 до парламентарните избори 2006 година. Тогаш ВМРО-ДПМНЕ како опозициска партија имала тешкотии во финансирањето, со оглед дека партиите не добивале пари од државниот буџет. Дел од донаторите парите му ги давале на тогашниот партиски лидер Груевски.
“Во овој период ВМРО-ДПМНЕ за цело време имаше блокирана сметка, меѓутоа и тековното работење на партијата. И покрај сите тешкотии, некако функционираше и тоа на база на донации кои на доброволна основа ги даваа физички лица. Во делот на овие донации сакам да истакнам дека поради фактот што ВМРО-ДПМНЕ беше партија во опозиција, донаторите беа прилично воздржани околу нивните релации со партијата бидејќи не секој сака јавно да биде познато дека е близок до партија во опозиција, а во однос на тоа како функционираше процесот, можам да кажам дека во принцип се случувало лицето да разговара со претседателот на партијата. Претседателот на партијата во тоа време, како и сега, е најголем авторитет, секогаш лицата сакаа да се видат со претседателот. Тој ги договараше начинот и условите како тоа да се реализира. Се случуваше претседателот на партијата понекогаш да ме повика, да ме извести “тој и тој сака да ѝ помогне на партијата со толкав и толкав износ”. Можело да се случи истиот ден да донира или по неколку дена” – рече Јанкулоска.

Тогаш законската регулатива била полабава, се водела неформална евиденција и на некои донатори им давале и каса-прими.

Ексминистерката Јанкулоска рече и дека имала сознанија и евиденција за тоа колку пари ќе ѝ се предадат, а дали се разговарало за повеќе или помалку пари не знаела.

Таа сведочеше и дека во нејзината канцеларија во партијата имало два сефа, од кои во едниот се чувале пари за дневно функционирање на партијата.

“Да, имаше два сефа, од кои едниот беше од тие што се големи, масивни, 1-1,5 м високи и имаше еден мал како каса. Во малиот се чуваа мали износи, тие што се користеа на дневна основа. Другиот барем додека јас бев на функција, ниту бил отворан ниту сум знаела шифра. Тој малиот беше со шифра и клуч, се отвораше по потреба” – рече Јанкулоска.

Во “Плацеви на Водно”, Груевски е првообвинет и му се суди во отсуство. Според обвинението, во периодот од јуни 2006 до октомври 2012 година, Груевски како лидер на партија наместо да прикаже пари како примени донации во ВМРО-ДПМНЕ, за себе прибавил 1,3 милиони евра а потоа ги пуштал во оптек и купувал парцели на Водно.