ЗАКЛУЧОЦИ НА САМИТОТ Г-7: ПОМОШ ОД 100 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ЕДНА МИЛИЈАРДА ВАКЦИНИ ЗА ПОСИРОМАШНИТЕ ЗЕМЈИ, МИНИМАЛЕН ГЛОБАЛЕН ДАНОК ЗА КОРПОРАЦИИТЕ И ГЛОБАЛЕН НАТПРЕВАР СО РУСИЈА И КИНА

0
143
G7 summit or meeting concept. Row from flags of members of G7 group of seven and list of countries, 3d illustration

Тридневниот Самит на Седумте најразвиени индустриски земји (Г-7) во Корнвол заврши со заедничката декларација во која се наведува дека Г-7 идната година ќе донира една милијарда вакцини против Ковид-19, ќе обезбеди повеќе пари за борбата против климатските промени и ќе се воведе глобален минимален данок од најмалку 15 отсто за мултинационалните коорпорации.

Г-7 најави дека идната година ќе дoнира една милијарда вакцини против Ковид-19 за програматра Ковакс и оти ќе соработува со приватниот сектор, со Г-20 и со други држави.

Лидерите на Г-7 се согласија да го зголемат својот придонес во финансирањето на климатските активности и да го исполнат ветувањето дека ќе обезбедат 100 милијарди долари годишно помош за посиромашните земји. Г-7 ги повика и другите развиени земји да се приклучат во борбата против климатските промени.

Лидерите на земјите-членки на Г-7 го поддржаа реформскиот проект изработен од нивните министри за финансии за воведување на глобален минимален данок за борба против даночната конкуренција меѓу земјите.

Седумте најразвиени индустриски земји ја повикаа Русија да престане со дестабилизирачките активности, да ги почитува човековите права и да ги изведе пред лицето на правдата одговорните за кибер напади од нејзината територија.

Во декларацијата се повикува и Кина да ги почитува човековите права на ујгурското муслиманско малцинство во Ксинџијанг и на жителите на Хонг Конг, притоа изразувајќи подготвеност да соработува со со Пекинг за прашањата од заеднички интерес.