ЗАЈАКНУВА СОРАБОТКАТА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СО ФРАНЦИЈА ПРЕКУ ФРАНЦУСКАТА АГЕНЦИЈА ЗА РАЗВОЈ

0
621

Премиерот Зоран Заев денеска прими делегација на Француската агенција за развој предводена од регионалниот директор за Западен Балкан, Доминик Отберг придружуван од амбасадорот на Франција, Сирил Бомгартнер.

На средбата, на која присуствуваше и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, премиерот Заев изрази задоволство од неодамна потпишаниот договор за соработка со француската агенција за развој и истакна дека овој договор е од значење како дополнителна поддршка во достигнувањето на европските стандарди во нашата земја и истовремено претставува силен сигнал за зајакнување на билатералните односи меѓу Северна Македонија и Франција.

Француската агенција за развој има годишен буџет од 14 милијарди евра и работи на 4000 проекти во 115 земји во целиот свет.