ЗАГРИЖЕНОСТА ЗА МЕРКИТЕ ПРОТИВ КОРОНА Е МАСКАТА НА ЛИЦЕМЕРИЕТО НА ВМРО-ДПМНЕ: ГИ ОЦРНУВАА ФИЛИПЧЕ И КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ А СЕГА НАЈАВИЈА ДЕКА НИВНА ЗАРАЗЕНА ПРАТЕНИЧКА ЌЕ ГЛАСАЛА ВО СКАФАНДЕР

0
1059

Пратеничката Ангелинка Петкова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во моментов се наоѓа во изолација, бидејќи е позитивна на Ковид 19.

Изолацијата ќе и’ трае и во четврток, за кога е закажано гласањето недоверба на Владата во Собранието. Од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека “со задоволство” ќе ја повикаат да гласа во скафандер, поради тоа што е дозволено со протоколите на Комисијата за заразни болести иако истите досега постојано ги негираа.

Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ и Мирослав Богдановски од ДОМ беа пратениците кои во април во скафандери дојдоа во Собранието за да го гласаат петтиот пакет економски мерки за справување со пандемијата.

Ова тогаш наиде на лавина реакции од јавноста, но и од страна на ВМРО-ДПМНЕ кои жестоко реагираа. Јавноста треба да се потсети на ова бидејќи многумина имаат кратко помнење за циркуската прошетка на вмровците во скафандери низ Битола во знак на протест и револт.