ЗАЕВ: ЗГОЛЕМЕНИ СЕ СУБВЕНЦИИТЕ ЗА ТУТУНОТ ЗА 5 МИЛИОНИ ЕВРА

0
681

“Дополнителните интервенции што ги направи Владата ја санираа состојбата, вбризгаа пари кај граѓаните и течат сеидбените сезони и во делот на производството на грозје и во делот на производството на тутун, затоа што успеавме и во овие две значајни гранки од земјоделството, да им се најдеме на нашите граѓани и да им помогнеме со конкретни опипиливи пари, во време на пандемија најдовме пари за граѓаните” – одговори премиерот Зоран Заев на прашањето од пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески во врска со откупната цена на тутунот.

“Владата односно Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство секоја година меѓу 30 и 32 милиони евра се исплаќаат субвенции, а во ваше време меѓу 22 и 24 милиони евра. Ја подигнавме цената на 80 денари прва класа, не останува неоткупен тутун. Во 2017 година цената е 217 денари, 2018 година 220 денари, 2019 година цената 220 денари. Тутунопроизводители со просечна цена од 220 денари на 25 милиони килограми инкасираат 100 милиони евра и дополнително 32 милиони евра субвенции. Оваа година заради тоа што беше низок квалитетот, стојат залихи на големите меѓународни корпорации што работат со ферментиран тутун, се јави проблемот како со грозјето, така и со тутунот” – рече Заев.

“Владата ги даде субвенциите и дополнително уште пет милиони евра, со кои постигнататa цена се нивелира и во просек се израмнува на 180. Ако последната четврта класа што се откупи, а беше заостаната, благодарение на упорноста, пред се’ на министерот и заменикот министер за земјоделетво и сите служби таму што работат, лично јас бев вклучен, приватните компании дополнително за 500 милиони денари купија тутун. Државата дополнително даде 100 милиони денари на тутунски комбинат Прилеп да се откупи и тоа што е последната класа, но и тој тутун се откупи и немаше повеќе основи за протест затоа што направивме се’ и во вакви тешки години. Три одлични години, четвртата е потешко и за време на пандемија се случија директните интервенционизми на државата заради тоа што постои за граѓаните” – појаснуваше Заев.