ХАОСОТ МОРА ДА СЕ СРЕДИ, ЗАЕВ: РАСЧИСТУВАМЕ СО ФАЛСИФИКАТИТЕ НА ЛИЧНИТЕ ДОКУМЕНТИ ОД ВРЕМЕТО НА РЕЖИМОТ

0
2123

Премиерот Зоран Заев изјави денес дека најголемите фалсификати на лични документи се случувале во времето на ВМРО-ДПМНЕ и дека не држат барањата за одговорност за него и за министерот Оливер Спасовски.

“Не може да се обвинува министер, премиер или слично poради тоа што спровеле успешни акции, посебно докажувајќи дека тие акции биле со месеци на анализа, документирање, аргументирање за да бидат извадени пред суд. Кога во анализите ќе видите кога се случувало тоа, кога се правени ваквите најголеми фалсификати и криминали или со лажните матични броеви, ќе видите дека тоа е за време на режимот односно за времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ” – изјави Заев.

Премиерот рече дека станува збор за сериозна акција која е работена со меѓународните партнери која се должи на зајакнатата соработка што ја имаме како членка на НАТО, но и заради традиционалните добри односи со партнерите. Кога има успешна акција наместо да се бара одговорност, некој треба да се награди.

“Кога некој открива и активно процесуира криминал тој треба да се награди, а не да одговара. И тие се вредностите секаде во светот така и кај нас. Како што рече и министерот за внатрешни работи, ова е неколку месечна акција која се работи со Интерпoл, регионалниот центар на САД во таа област и другите партнери, се’ со конечна цел да се спречат и казнат ваквите постапки. Луѓето кои се извадени пред суд и им е одредена мерка притвор се веќе разоткриени, дале преку 200 пасоши со измислени матични броеви и успешно е направена анализата, документирана и процесуирана пред правосудните инстанци. За целиот период наназад низ годините што се случувало, има успешна завршница за да не се повтори никогаш повеќе” – рече Заев.