ПОЛИТИЧКИОТ ДИЈАЛОГ Е ВООБИЧАЕНА РАБОТА ВО ЕДНА ДЕМОКРАТИЈА, ЗАЕВ: ПОДДРЖУВАМ РАЗГОВОРИ И СРЕДБИ НА ПЕНДАРОВСКИ И МИЦКОСКИ

0
733

Премиерот Зоран Заев, по повод најавената утрешна средба меѓу претседателот Стево Пендаровски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, рече дека е приврзаник на дијалогот и оти дијалогот носи консензус, потсетувајќи дека и неговите разговори со Мицкоски, како и со лидерите на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши, дале резултати.

Сето ова е во прилог да им служиме подобро и поефикасно на граѓаните. Така што ќе има средба на претседателот на државата Пендаровски со претседателот на најголемата опозициска партија Мицкоски може да биде само прилог, нема ништо зијан. Ќе соопштат тие се што ќе разговараат, ќе слушнеме, но еве јас да апелирам што и да е нека се бараат решенија нормално, но секако да се почитуваат вредностите за кои огромното мнозинство на нашето население очекува да бидат испочитувани од сите без разлика дали е тоа Владата, Претседателот, опозицијата или слично, за теми за коишто се најавува и дека се разговара” – рече Заев.  

Тој повтори дека на последната средби со Мицкоски, а потоа и со Села и Гаши постигнале одреден успех.