ЗАЕВ: НЕ СУМ РАЗГОВАРАЛ СО МИЦКОСКИ ЗА АМНЕСТИЈА НА ОСУДЕНИТЕ ОД 27-МИ АПРИЛ

0
744

Премиерот Зоран Заев вели дека со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски никогаш не разговарал за амнестија на осудените за случувањата од 27. април.

“Директно прво ќе ви одговорам на прашањето дали беше дел од договорот со Мицкоски амнестија на напаѓачите, насилниците и организаторите на 27. април на нашата последна средба која што ја имавме. Прво, господинот Мицкоски никогаш не зборува за тие луѓе и тој треба да одговори дали заради тоа што се смета соучесник со нив не го отвора ова прашање. Никогаш на ниту една средба тој не го отворил ова прашање. Ама и ризикот ако се обиде да го отвори ова прашање нормално ќе мора да го понесе пред целата јавност” – рече Заев одговарајќи на пратеничко прашање дали имаат договор со лидерот на опозицијата по ова прашање.

Дваесет и седми април е еден од најгрозоморните и најлошите настани од самостојноста на нашата земја.