ВЕТОТО МОРА ДА СЕ ТРГНЕ НАСКОРО, ЗАЕВ: МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И ИДЕНТИТЕТ НЕМА ДА БИДАТ ПРЕДМЕТ НА ПРЕГОВОРИ И СО НОВАТА БУГАРСКА ВЛАДА

0
137

Премиерот Зоран Заев очекува во април да биде формирана новата влада на Бугарија и со тоа да продолжат разговорите и да се најде решение кое ќе биде прифатливо за двете страни, бидејќи тоа е интерес за целиот Западен Балкан, на ЕУ, а дефинитивно и интерес на бугарскиот народ.

Одговарајќи на новинарско прашање денеска на прес-конференција за тоа какви се очекувањата по формирањето на новата влада во Бугарија и дали ќе се укине нивното вето за нашето членство во ЕУ, тој потенцира дека е убеден дека ќе се изнајде решение, но повтори дека македонскиот идентитет и македонскиот јазик не биле и не можат да бидат тема на разговори и преговори.