ОХРАБРУВАЊЕ ЗА РАСТ НА ЕКОНОМИЈАТА, ЗАЕВ: ЛИДЛ ЌЕ БИДЕ НОВА ГЕРМАНСКА ИНВЕСТИЦИЈА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

0
711

Премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, одржаа состанок во Владата со менаџментот на реномираната германска компанија Лидл. На состанокот се дискутираше за новата инвестицијата на трговскиот синџир Лидл, за што компанијата веќе е регистрирана во Северна Македонија.

Премиерот Заев истакна дека новите инвестиции се од голема важност за земјава, во насока на зголемување на понудата, нови вработувања, како и подобрување на севкупната економија. Тој ги поздрави позитивните практики препознатливи за Лидл во поглед на пазарот на труд, обучување на своите вработени, како и практикување на модерен начин за водење трговија. Воедно премиерот Заев ја потенцира важноста од натамошно унапредување на работата со Сојузна Република Германија, која е наш прв трговски партнер и истакна дека над 200 германски инвеститори вработуваат повеќе од 28 000 лица во нашата земја.